Учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ продолжуваат да нижат успеси на државни и меѓународни натпревари, од кои редовно се враќаат со освоени врвни награди.

Освојувајќи 11 први награди од кои три специјални први, осум втори, две трети награди и три пофалници на 51 Државен натпревар на млади музички таленти во Скопје, на кој учествуваа сите музички училишта од Републикава во дисциплините пијано, виолина, гитара и солфеж, охридските ученици  уште еднаш потврдија дека се на самиот врв според постигнатите успеси- резултат на нивниот талент, работа и пред се квалитетниот  професорски кадар во „Методи Патче“.

Стручните жирија составени од еминентни професори од Македонија, одлучија трите Први специјални награди да им ги доделат на учениците: Ивона Базгалоска –пијано, проф. Даниел Чуркоски, Татјана Ѓеорѓиеска –гитара, проф. Александар    Крстаноски и Огнен Секулоски-солфеж, проф. Петар Булоски.

Осум Први награди освоија: Даниел Мојсоски-виолина, проф. Елица Џуклеска, Мила Тренеска-солфеж, проф. Лилјана Булоска, Десарт Елмази-виолина, проф. Мухамед Бајрам, Даниел Мојсоски-солфеж, проф. Петар Булоски, Никола Кречов-пијано, проф. Ана Ѓорѓиоска, Софија Андоноска-пијано, проф. Ана Ѓорѓиоска, Петар Ристески-пијано, проф. Ирена Веруш, Емилија Наумовска-солфеж, проф. Лилјана Булоска.

Осум Втори награди им беа доделени на: Александар Грунчески-солфеж, проф. Лилјана Булоска, Дамјан Милески-пијано, проф. Ана Булоска Рилкоска, Искра Атанасова Митуш-пијано , проф. Даниел Чуркоски, Марија Џуклеска-виолина, проф. Елица Џуклеска, Димитар Гаврилоски-виолина, проф. Кирил Белистојаноски, Александар Грунчески-виолина проф. Елица Џуклеска, Стефани Ефтимоска-гитара, проф. Александар Крстаноски, Ана Димоска-солфеж, проф. Лилјана Булоска.

Две трети награди : Петар Милески-виолина, проф. Христина Пецакоска Николеска, Анастасија Андрееска-солфеж, проф. Лилјана Булоска.

Три пофалници им беа доделени на: Бајрам Рамаданоски-виолина, проф. Мухамед Бајрам, Огнен Секулоски-пијано, проф. Емилија Маринова, Митко Георѓиески – гитара, проф. Александар Крстаноски.

OhridNews