Лео Нелоски од ООУ „Григор Прлилев“ – Охрид, со максимален број освоени бодови – 100, се искачи на пиедесталот на 47 Државен натпревар по математика.
Со овој успех овој млад охридски генијалец се пласира на националната Јуниорска Математичка Олимпијада.

Осмоодделенецот Лео Нелоски е неуморен во постигнувањето врвни резултати на државните натпревари. Одличното познавање на германскиот јазик го донесе на врвот на табелата на државниот натпревар кој се одржа на 11 мај во Скопје, со што Лео се стекна со можност да аплицира за лиценца од афирмираниот Гете институт.

Извонредниот талент на Лео ги потврдуваат и постигнатите континуирани успеси во областа на музиката, биологијата, народна техника…
OhridNews











