Американски брачен пар биле навистина шокирани кога од 60 метри висока карпа врз автомобилот им паднала крава. „Само слушнавме тресок“ изјавил исплашениот возач Чарлс Еверсон.

Еверсон и неговата сопруга во во необичната сообраќајка не се повредени, но доживеале огромен шок кога 270 килограми тешката крава им паднала врз автомобилот. Од силината на ударот скршена е шофершајбната и вдлабната хаубата над моторот.

„За неколку сантиметри и луѓето ќе загинеле“ изјавил Арнолд Бекер командир на пожарникарската служба.

Несреќната едногодишна крава, чие исчезнување сопственикот го пријавил неколку дена претходно, била еутанизирана. 

J.M.