Вселенскиот патријарх Вартоломеј тестиран е позитивно на Ковид-19 и има благи симптоми на болеста, соопшти денеска Патријаршијата во Истанбул.

Патријархот (81), кој неодамна имаше операција на срцето, е целосно вакциниран, се вели во соопштението. Се додава дека неговата „општа состојба е добра“.

Патријархот ги повика луѓето да се вакцинираат и да ги следат препораките на лекарите.

Вартоломеј помина една ноќ во болница во САД кон крајот на октомври на почетокот на неговата посета на таа земја, а подоцна беше опериран во САД каде му беше ставен стент за да се отвори затнатата коронарна артерија.

OhridNews