Научниците користејќи вселенско летало на НАСА кое орбитира околу Марс, дошле до интересно откритие: древно исушено езерско корито кое некогаш имало 10 пати повеќе вода од Големите Езера во Америка заедно.

Постои можност дека на оваа локација еволуирал живот пред милијарди години и можно е да има докази за тоа како настанал животот на нашата планета.  

Истражувањата покажале дека под басенот Ериданиа лежат огромни минерални резерви. Понатамошните анализи покажале дека тие минерали биле формирани со подводна вулканска активност. Милијарди години подоцна, тие се исчезнати и езерото е исушено, но минералните резерви се останати.

Постои можност во оваа средина да има живот, живи форми на кои им требаат само карпи, топлина и вода за да опстојат. Ова го прави басенот Ериданиа една од најважните области на Марс за потрага по живот. Доколку најдеме живот таму или барем траги од живот, тоа би ни дало добра претстава како изгледале првичните форми на живот на Земјата. Дури и да не најдеме живот, интересно е да се знае во какви услови се формирале првите живи форми, велат научниците.

А.М.