Денеска на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, охриѓани ја продолжија хуманата акција и втор ден донираа финансиски средства за Андреј Коруновски.
Акцијата организирана од навивачката група „Рибари“ е наменета за младиот битолчанец, на кого му е потребна итна трансплатација на црниот дроб во Р. Турција.
Инаку, акцијата започна вчера на полигонот за мали спортови, а охридските „Рибари“ се заблагодарија на граѓаните кои на дело ја покажаа својата хуманост.
О.Т.