На 27 април (сабота) на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи вториот Меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“. Митингот се организира во чест на професорот по физичко образование и култура Влатко Димитров, кој ненајдено почина во 2016 година.

На атлетскиот митинг во Охрид учесниците во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат во 100 метри, 200м., 400м., 1 500м., 3000м. стиплчес. Во машка конкуренција ќе има натпреварување во копје, диск и скок во височина, додека во женска ѓуле, диск и скок во височина. Како меморијална дисциплина на турнирот ќе биде вметната скок во далечина.

Меморијалниот атлетски митинг со меморијален карактер во Охрид ќе означи почеток на сезоната во „кралицата на спортовите“.

OhridNews