Петнаесет 15 уметници – ракотворци со најразлични производи од кожа, волна, стакло, бакар, бисер и од други природни материјали, ќе учествуваат на вториот Новогодишен базар на охридски ракотворби, што ќе се одржи на 30 и 31 декември во хотел Силекс – Охрид.

-Хотел ,,Силекс” од Охрид и оваа година широко ги отвори вратите за Охридските ракотворци кој своите уникатни производи ќе имаат можност да ги презентираат и понудат за продажба на странските туристи кој за време на новогодишните празници ќе престојуваат на Охридското крајбрежје. – информираат од хотел „Силекс“.

Мината година овој базар се одржа за прв пат и се покажа како успешен. Оваа година во рамки на Новогодишниот базар, хотел,, Силекс” организира и дополнителна програмска содржина за најмладите, а тоа е куклената претстава „Новогодишен подарок” проект на куклениот театар што работи во рамки на здружението „Тактус” и Музичкото катче од Охрид. Влезот за претставата е бесплатен, подарок за сите дечиња кој имаат желба да уживаат во предновогодишната ноќ во прекрасниот амбиент на хотел „Силекс”.

– Новогодишниот базар значи промоција пред странските туристи на Охридски производи, значи продажба на автентични сувенири, го збогатува целокупниот празничен амбиент на хотелот и воедно ги анимира гостите од хотелот и сите други гости кој престојуваат во околните хотели. За време на базарот оваа година одлучивме да организираме забава за нашите најмлади гости, куклена театарска претстава а и за сите дечиња од градот кој со своите родители ќе го посетат базарот на 30 Декември во 18,00 часот. Со ваквата понуда ги потврдуваме своите вложувања и залагања во креирањето на нови туристички производи и несекојдневни понуди. – изјави Јован Китрозоски од секторот за маркетинг на хотел „Силекс”.