Актуелниот шампион Струмица му го нанесе вториот пораз по ред на АМАК СП на домашен терен 81:90.

Во интересен и квалитетн натпревар во кој ниту една од екипите немаше двоцифрена предност, конечниот победник го одлучи поквалитетната клупа и подобрата игра во скокот на Струмица. Стартната петорка на струмичани постигна двоцифрен број поени, а најефикасен беше  Тони Грнчаров кој постигна 25 п. со шут од поле 85%. Кај домашниот тим доминираа американците.  Фрај постигна 29 поени  и имаше неколку атрактивни забивања кои предизвикаа воодушевување кај две илјадната публика. О’нил постигна 13 коша, а новото засилување „Коко“ Харвис на дебито уфрли 20 коша.

Тренерот на гостинската екипа, Јорданчо Давитков по натпреварот изјави дека „победникот го одлучила одбраната и подобрата скок игра на Струмица“. Тој упати честитки за добрата игра на АМАК кој според него се најпријатното изненадување во досегашниот дел од шампионатот, а како што рече, не е чудно со новото засоилување Харвис, АМАК и да се вмеша во борбата за титула.

РТТренерот на домашните, Зоран Гацов им честиташе на гостите, за како што истакна, заслужената победа. „АМАК изгоре во желба за победа“, прокоментира Гацов.

Првиот дел од сезоната АМАК СП го завршува во среда во Битола против директниот конкурент за 4-то место тимот на Пелистер. Дека битолчани не препуштаат ништо на случајот говори податокот дека натпреварот во „Билјанини извори“ помеѓу АМАК и Струмица го проследи првиот тренер на Пелистер, Ацо Петровиќ.

Ненад Цветанов