Кошаркарите на АМАК СП го доживеаа вториот пораз оваа сезона. Во рамките на третото коло охридскиот прволигаш загуби во Кавадарци од лидерот на табелата Фени индустри со 90:78.

Во наредното 4-то коло, утре, АМАК дома се среќава со МЗТ Скопје.

Овој натпревар е дерби на колото и ќе биде директно пренесуван на МРТВ.