Слабиот процент на реализација во нападот само (29%) и порозноста во одбраната ја чинеше Македонија убедлив пораз од Шведска 26-15 (11-8) втор во групата Б од Европското првенство во Србија.


Избраничките на селекторот Гино Стрезовски одиграа далеку под своите можности во нападот постигнувајќи само 15 голови од 49 обиди. Одбраната во почетните минути од мечот неможеше да се справи со шутерски расположените швеѓанки кои направија предност +5 (7-2).

По минутата одмор од Стрезовски во 15-та минута репрезентативките се консолидираа. Со серија од 3-0 стигнаа на -2 (7-5). Тогаш на голот се разбуди и Тања Андраева, која им даде дополнителен мотив на ракометарките.


Во 26-та минута Македонија дојде до -1 (8-9), но тука некаде застанаа и Шведска со два брзи погодоци обезбеди предност од 11-8 на полувремето.

Во вториот дел швеѓанките ги намалија техничките грешки откако во првиот имаа неверојатни дванаесет. Со таквиот развој на настанати “викинзите“ од минута во минута ја зголемуваа предноста.


Македонија како и со Франција така и на мечот со Шведска имаше “црна дупка“ во вториот дел откако не успеа да постигне погодок цели десет минути, по што убедливиот пораз 26-15 од “жолтите“ беше неизбежен.


На мечот со “викинзите“ потполно потфрли Јулија Николиќ која постигна само еден погодок, наспроти Андраева на голот која имаше единаесет успешни интервенции. Најефикасна во македонскиот состав со четири голови беше Мирјета Бајрамоска додека по три пати мрежата на Шведска ја тресеа Црвенкоска и Саздовски.


Шведскиот тандем Гулден – Тортерсон искомбинираа петнаесет голови колку што имаше целата селекција на Македонија.

Репрезентација на Македонија шансата за пласманот во следната фаза ќе ја бара во последното коло од групата против селекцијата на Данска.

Мх.П.