Македонската јуниорска репрезентација вечерва го доживеа и вториот пораз на Светското првенство во ракомет што се игра во Охрид и Скопје. Во салата „Билјанини извори“ македонските надежи се порзени од Португалија со 31:29(15:11).

Со овој пораз Македонија сериозно го доведе во прашање и пласманот во втората фаза од СП, за што во последното коло в сабота потребно е да го совладаме Кувајт, а Португалија да загуби од Шведска која сигурно граби кон првото место во А групата.

И покрај големата поддршка од публиката македонските јуниори и на натпреварот со Португалија, слично како и против Шведска, направија серија грешки во клучните моменти, а промашија и три пенали, што противникот знаеше да го казни.

Г. Момироски