Двеиполгодишното девојче, кај кое исто така беше дијагностицирана западнонилска треска, вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа.
– Детето е се уште во сериозна, односно во потешка општа состојба. Се даваат максимални напори за лекување и негово извлекување од оваа состојба, рече д-р Валерија Кирова Урошевиќ, лекар-специјалист на Клиниката за инфективни болести.
Останатите двајца пациенти кај кои претходно беше дијагностицирана западнонилската треска, како што соопшти Кирова Урошевиќ, се во добра општа состојба и во фаза на излекување.
Засега нема индикации за нови случаи од западнонилска треска.
Во Македонија досега се евидентирани петмина заболени од западнонилска треска, од кои двајца починаа.
извор: МИА