Утре и во понеделник, 16 септември, ќе се спроведе вториот уписен рок за идните суденти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Како што информираа од Факултетот по првиот уписен рок бројот на пријавени кандидати има раст од 40% во однос на истиот минатата година

Имено, на насоката туризам има 39 слободни места од кои 11 во државна квота, на осигурување и менаџмент со ризик 28, од кои само 3 во државна квота, менаџмент во услужен сектор 26, од кои 18 со кофинансирање и и 8 вонредни, хотелско ресторански менаџмент 22, од кои слободни 12 места за во државна квота, гастрономија 38 од кои 9 во државна квота, 10 во приватна и 19 вонредни.

На насоката туризам на англиски јазик има слободни места за 6 студенти во државна квота, во приватна нема и 4 места за вонредни студенти.
Прелиминарната ранг листа ќе биде објавена на 17-ти септември, додека запишувањето на примените студенти ќе се реализира на 23-ти септември. Третиот уписен рок, доколку има слободни места ќе биде на 24-ри септември.
Н.С.Ј.











