Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ го објави конкурсот за вториот уписен рок за новата академска 2025/2026 година, кој ќе се одржи во понеделник и вторник (15 и 16 септември).
Кандидатите ќе имаат можност да се пријават на една од современите студиски програми во областа на информатичките науки и технологии, меѓу кои: компјутерски науки и инженерство, комуникациски мрежи и безбедност, машинска интелигенција и роботика, дигитална мултимедија и анимација, како и дигитална бизнис аналитика, велат од Универзитетот.
УИНТ „Св. Апостол Павле“, потенцираат, е единствениот универзитет во регионот специјализиран за информатички науки и технологии, со амбиција да ги подготви идните лидери на дигиталната ера.
Со својата интернационална ориентација, современи програми и визија за развој, универзитетот се позиционира како oхридски, но и светски универзитет, место каде што младите таленти од државата и странство создаваат дигитални решенија што го обликуваат утрешниот свет. Најдобрите бруцоши имаат можност да добијат стипендии во рамките на Универзитетот, како и стипендии поддржани од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, посочуваат.
Сите заинтересирани можат да се информираат на официјалната веб страна на универзитетот www.uist.edu.mk и да го погледнат конкурсот за вториот уписен рок на линкот.
OhridNews