Денеска, во хотелот Дрим во Струга, продолжи форумскста расправа на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, на која засегнатите страни ги разгледуваат можностите за развивање проект, што би бил поддржан во висина од 112 илјади швајцарски франци.

Средствата се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, а се имплементира преку Центарот за развој на Југозападен плански регион.

Околу 60-тината претставници ги презентираат разработените концепти во доменот на туризмот, животната средина, енергетската ефикасност и социјалната инклузија, по што, ќе биде преминато кон рангирање на проектните концепти.

На последната форумска сесија, што ќе одржи следната недела, форумот ќе изврши конечно рангирање, по што Комисија од донаторот и Министерството за локална самоуправа, заедно ќе одобрат три предлози. Од нив, ќе биде дополнително разработен еден предлог што ќе биде реализиран во текот на оваа година.

OhridNews