ОУ “Дебрца“ од село Белчишта по втор пат го организира единаесетоноемврискиот крос, по повод патрониот празник на училиштето во општина Дебрца.


На кросот кој се одржа во координација на наставниците Марјан Бошалески, Дивна Бутеска и Горан Цветковиќ учествуваа трисетина ученици од општината.

Се очекува овој настан да прерасне во традиционален, и да се реализира посеопфатно во соорганизација со општините Охрид и Струга – рече за локалната телевизија “Морис“, професорот Марјан Бошалески.

Медалите и пофалниците на победниците во машка и женска конкуренција им ги додели директорот на училиштето Весна Шопоска.

фото : “Архива“