Охридските кошаркари одмараа во осмата рунда од Втората македонска кошаркарска лига, откако дуелот со Партизан Водно Санс на гостински терен беше одложен и не се одигра.

„Галебите“, остануваа во горниот дел од табелата, со скор од пет победи и два порази во седум одиграни мечеви.

Пораз во осмата рунда претрпе лидерот Хереклеа кој изгуби на гостувањето кај Ринија со 71-64.

Во следното деветто коло, Охрид на домашен терен, во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат тимот на Мега Баскет.

  • Резултати:

Риниа – Хераклеа (71-64)

Тетекс ТТК – Пелистер Медика Карта (101-80)

Мега Баскет – Спарта  одложена

Спорт Тим – Чаир 2030  одложена

Партизан Водно Санс – Охрид  одложена

Табела: Хераклеа 14, ГКК Охрид 12 (-1), Тетекс ТТК 12 (-1), Чаир 2030 11 (-2), Партизан Водно Санс 10 (-2), Риниа 10 (-1), Пелистер Медика Карта 10 (-1), Спарта 8 (-1), Мега Баскет 8 (-2), Спорт Тим 7 (-1).

OhridNews