Битолскиот кошаркарски клуб Хереклеа прв низ целта ја помина есенската полусезона во Втората македонска кошаркарска лига-запад. Кошаркарите на Хереклеа лидерската позиција ја заверија со домашниот триумф во дуелот со Спорт Тим (82-61).

Со четири бодови помалку, но и со два мечеви за играње, на втората позиција се наоѓа Градскиот кошаркарски клуб Охрид. „Галебите“ имаа супер полусезона, ако во предвид се земе дебитанската полусезона и вакумот од една година без кошарка во Охрид.

Охриѓани одиграа седум мечеви. Во првите два претрпеа порази, но потоа нижеа победи, најавувајќи дека сериозно се наметнуваат во борбата за првата позиција.

На пролет следува вистинската борба во Втората лига, кога сите екипи кои се борат за врвот на тебалата ќе немаат право на грешка.

Втората полусезона стартува на 13 февруари следната година.

Табела: Хераклеа 16, ГКК Охрид 12 (-2), Тетекс ТТК 12 (-2), Чаир 2030 11 (-3), Партизан Водно Санс 10 (-3), Риниа 10 (-1), Пелистер Медика Карта 10 (-2), Спарта 8 (-1), Мега Баскет 8 (-3), Спорт Тим 7 (-2)

OhridNews