Викендов во Втората фудбалска лига на програмата се натпреварите од 19 коло.

Лидерот на табелата, ГФК Охрид Лихнидос, денеска на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Победа Прилеп.

Натпреварот почнува во 14 часот.

Охрид на стартот од вториот дел на сезоната оствари реми со Шкендија Арачиново дома и пораз од Осогово на гости, но и понатаму е прв на табелата со 40 бода. Следат Шкендија Арачиново со 39, Скопје со 38 и Брегалница со 37.

Г.М.