ГФК Охрид Лихнидос продолжува со успешните настапи во Втората македонска фудбалска лига. Сино-белите попладнево на „Билјанини Извори“ го совладаа Горно Лисиче со 2:1 и запишаа нови три бода.
Херој на охридскиот тим беше Антонио Каланоски, кој ги постигна двата погодоци за домаќините и ја предводеше екипата до победата во натпреварот од петтото коло.
Охрид одлично ја започна новата сезона и продолжува да собира бодови во борбата за врвот на второлигашката табела.
Во досегашниот тек од првенството сино-белите ги совладаа Новаци со 2:1, Кожуф со 5:1 и Тетекс со 3:0, а денеска на победничката низа го додадоа и Горно Лисиче.
Со денешната победа Охрид останува со максимален ефект во првенството. По четири одиграни натпревари сино-белите имаат четири победи и 12 бодови, со гол-разлика 12:3, и се наоѓаат на првото место на табелата во Втората МФЛ. Зад Охрид се Пелистер со 11 и Брера Струмица со 10 бодови, но со натпревар повеќе, односно ист број натпревари во случајот на Брера.
OhridNews












