Во Втората фудбалска лига викендов на програмата е 5 коло.
ГФК Охрид Лихнидос, попладнево на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Кожуф од Гевгелија која во моментов е лидер на табелата со 10 бода. Охрид е на 5 место со 7 бода и со евентуална победа ќе се израмни по бројот на бодови со денешниот противник.
Натпреварот Охрид – Кожуф се игра од 15:30 часот.
Г.М.