Фудбалерите на Охрид забележаа победа на отворањето на новата сезона во Втората лига. Попладнево на „Билјанини извори“, Охрид во борбен и неизвесен натпревар славеше над Новаци со 2:1. Победата на Охрид му ја донесе Антонио Каланоски со два погодоци.

Во останатите натпревари денеска, Македонија ЃП ремизираше дома со Тетекс 1:1, Работнички убедливо го совлада Кожуф со 3:0, Брера забележа победа од 2:0 над Еуромилк, Беласица минимално го совлада Осогово со 1:0, а Детонит Плачковица забележа победа на гости од 0:2 над Шкупи.

Колото се комплетира утре со натпреварот помеѓу Пелистер и Камјани.

Г.М.