Екипата Охрид загуби на гостувањето во Кочани од Осогово со 1:0. И покрај поразот од екипата на Осогово која се бори за опстанок, Охрид остана на првото место со 40 бода, еден повеќе од Шкендија Арачиново која, пак, загуби дома во дербито од Скопје 1:2.

Со оваа победа Скопје се доближи на бод до Шкендија Арачиново, односно два до лидерот Охрид.

Киксираше и Брегалница Штип која одигра само нерешено со Тетекс.

Во следното коло Охрид дома ја пречекува прилепска Победа.

Г.М.