Фудбалерите на Охрид во 27 коло од Втората лига денеска му гостуваат на Скопје. Натпреварот е од исклучително значење, бидејќи двете екипи се бодовно израмнети и имаат амбиции за влез во Првата лига.

На табелата води Брегалница со 61 бод, следат Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново со по 59.

Натпреварот Скопје – Охрид се игра од 16 часот на стадионот во Автокоманда.

Г.М.