Фудбалерите на Охрид Лихнидос забележаа висока, но пирова победа над Слога Виница од 7:1 во последното коло од Втората лига.

И покрај убедливиот триумф Охрид остана со празни раце и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига.

Екипата на Брегалница Штип ја освои шампионската титула и  се пласира во Прва лига, додека екипите на Скопје и Шкендија Арачиново ќе играат бараж за пласман во најсилната лига.

Г.М.