Екипата на Охрид Лихнидос славеше над Детонит Плачковица 0:2 во претпоследното коло од Втората лига.

Стрелец на двата погодоци за Охрид беше Абдулхади Јахја.

Победи забележаа и директните конкуренти од врвот на табелата, па Охрид ќе чека кикс на некој од нив во последното коло за евентуален пласман во баражот за пласман  во Првата лига.

На коло до крајот на првенството води Брегалница Штип пред Скопје и Шкендија Арачиново, а Охрид е на четвртото место.

Г.М.