Фудбалерите на Охрид Лихнидос ја совладаа екипата на Новаци на гости 0:1 во натпревар од 8 коло од Втората лига.
Стрелец на победничкиот гол за Охрид беше Антонио Каланоски.
Со оваа победа Охрид се искачи на 4 место со 15 бода, 5 помалку од водечките Брегалница и Шкендија Арачиново.
Во следното коло кое на програмата е на 18 октомври, Охрид ја пречекува Саса.
Г.М.