Во натпреварот од 25 коло од Втората фудбалска лига, вчера во Битола Пелистер го совлада Охрид минимално со 1:0.

За битолчани ова беа значајни бодови со кои се издвоија на втората позиција која носи во првата лига. Лидер е Беса со 66 бода, Пелистер има 60, Детонит 52, Арсими 41, Охрид 38. На дното се Саса со 18 и Караорман со 15 бода.

Во следното коло Охрид ја пречекува Саса.

Г.М.