Фудбалерите на Охрид денес ќе го одиграат заостанатиот натпревар од Втората лига со Слога Виница на гости, последен во еденскиот дел од шампионатот. Со евентуален триумф охриѓани ќе го потврдат првото место на табелата.
Охрид во моментот е прв на табелата со 33 бода, пред Шкендија Арачиново со 32. Двете екипи имаат натпревар помалку.
И покрај првичниот договор на двете екипи натпреварот да се одигра во Охрид поради лошата состојба на теренот во Виница, на сугестија на ФФМ домаќин на мечот ќе биде Слога.
Г.М.












