Фудбалерите на Охрид убедливо ја совладаа Саса од Македонската Каменица со 6:1 и се искачија на 3-то место на табелата во Втората лига.
Гостите поведоа со голот на Тони Мичковски Мичковски, на што Охрид возврати со шест гола. Двоен стрелец беше Иван Глигоров, а по еднаш погодија Антонио Каланоски, Емил Скоко, Ангел Крстески и Игор Јаневски.
По 9 кола во делба на првото место се Брегалница Штип и Шкендија од Арачиново, а Охрид е трет со 18 бода.
Г.М.












