Во Втората лига викендов на програмата се натпреварите од 28 коло. Сите средби се играат во недела. Екипата на Охрид на СРЦ „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Големо Коњари. Средбата почнува во 16 часот.

Втора лига 28 коло, недела 16 часот:

Тетекс – Скопје
Преспа – Детонит П.
Новаци – Беласица
Брегалница Ш. – Шкендија А.
Вардар Н. – Осогово
Кожуф – Победа
Саса Слога В.
Охрид – Големо Коњари

На три кола до крајот на табелата води Брегалница Штип со 64 бода, два повеќе од Скопје и Шкендија Арачаниво кои имаат по 62, следи Охрид со 59.

Г.М.