Фудбалерите на Охрид попладнево во Големо Коњари против истоимениот противник ќе го одиграат првиот од двата заостанати меча од Втората лига, од што директно ќе зависи и изгледот на табелата.

Вториот заостанат натпревар Охрид ќе го одигра во недела против Слога Виница. Првично овој меч требаше да се одигра во Виница, но поради оштетувањета на теренот од поплавите екипите се согласиле истиот да се одигра во Охрид на СРЦ „Билјанини извори“.

Охрид со 30 бода е 4 на табелата, со два бода помалку од водечкиот тим на Шкендија Арачиново, но и натпревар помалку.

Г.М.