Екипата на Охрид Лихнидос забележа висока победа од 6:1 над Преспа во 25 коло од Втората лига и го задржа чекорот со водечките во борбата за пласман во 1 лига. Преспа пак со овој пораз и дефинитивно испаѓа од лигата.

Стрелци на головите за Охрид на натпреварот беа Димитриј Попоски, Димитриј Димитриевски, Иван Глигоров, Дарко Илиески, Албнор Каба и Лео Андрески.

Победи забележаа и водечката Брегалница која славеше над Детонит Плачковица на гости со 1:0, Шкендија Арачиново ја декласира Победа со 5:0 и ја испрати во третата лига, како и Скопје кое дома славеше убедлива победа над Саса од 7:0.

По 25 кола на табелата води Брегалница Штип со 58 бода, два повеќе од Охрид, Шкендија А. и Скопје.

Г.М.