По високиот триумф над младиот тим на Победа Прилеп во минатото коло, ГФК Охрид забележа минимална, но многу важна победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожуф. Во натпреварот што се одигра попладнево ГФК Охрид Лихнидос го совлада Кожуф со 0:1 со голот на Абдулхади Јахја.

Охрид со оваа победа останува на врвот на табелата, а во чекор го следат Скопје, Шкендија Арачиново и Брегалница Штип кои исто така забележаа победи во 20 коло.

Г.М.