Денес по втор пат се одржа изложба на ликовни дела изработени од страна на учениците од охридската гимназија. Изложбата е во организација на професорката по ликовна уметност, Катерина Слатинова.

Низ гимназиските ходници беа изложени разни цртежи, слики, украси и честитки. 

Во рамки на изложбата настапи и „Бесниот бенд на Св.Климент“.

Настанот го посетија голем број ученици кои беа одушевени од креативните дела и прекрасниот настап на бендот.

Фото галерија:

А.Момироска