Доне Ристевски од Гевгелија е назначен за главен арбитар за пресметката во Битола помеѓу домашниот состав Пелистер и Охрид во рамките од 13-та рунда во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Асистенти на Ристевски ќе му бидат Драган Трпчевски од Кавадарци и Иван Танев од Гевгелија додека четврти арбитар е Ирена Велевачкоска од Прилеп.

Натпреварот на Стадионот „Под Тумбе Кафе“ се игра в сабота со почеток во 13 часот и 30 минути.

OhridNews