В сабота со почеток во 17 часот,  охридските фудбалери, на домашен терен против кичевски Велазерими ќе ги започнат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига-запад.

Правдата на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ја дели скопјанецот Дејан Младеновски. Помошници на Младеновски ќе му бидат Саше Тошевски и Борче Џиковски, додека четврт судија е Кристијан Ѓуровски.

Во првата рунда доверба од Судиската организација доби и охриѓанецот Фатмир Бафто, кој ќе суди во Гостивар на средбата помеѓу Гостивар и Дрита. На Бафто ќе му помагаат Ацо Мацевски и Горан Балески, кој дебитира во втората македонска фудбалска елита.

„Рибарите“ имаа фантастична најава на второлигашките возбудувања, откако вчера во 1/16 финалето ја елиминираа Беласица после изведување на пеналите. Еуфоријата треба да кулминира в сабота со позитивен исход со Велазерими.

OhridNews