Две победи забележаа домаќините, а една гостите во четирите мечеви одиграни во првата рунда од пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.


На триумф пред своите гледачи се радуваа Македонија Ѓорче Петров и Гостивар додека гостинска чест ја одбрани Кожув.

15-та рунда ќе се комплетира в понеделник со дуелот меѓу Младост Царев Двор и Влазрими.

Резултати : Напредок – Кожув 0-1, Македонија ЃП – Дрита 1-0, Гостивар – Еуромилк 2-1, Скопје – Шкупи 1-1, Младост – Влазрими (понеделник).

Табела : Шкупи 36, Гостивар 25, Влазрими 22 (-1), Младост 21 (-1), Македонија ЃП 20, Скопје 19, Кожув 19, Еуромилк 18, Дрита 14, Напредок 9.

Мх.П.