Екипата на Лабуништа се врати со голем бод од гостувањето кај тимот на Гоблен Јуниор ремизирајќи 1-1 во петтата рунда од Втората македонска фудбалска лига запад.

Фудбалерите на Лабуништа до бодот стигнаа со погодок во второто полувреме, откако имаа негатива 1-0 после 45 минути игра. Со осмиот поен вкупно Лабуништа се зацврсти на средината од табелата и се уште има изгледни шанси за вмешување во трката за врвот.

Голем пех во борбата за шампионската позиција која носи сигурен влез во фудбалска елита доживеа Струга Трим Лум. Стружани на домашен терен претрпеа пораз 4-1 од тимот на Гостивар. Поразот ги чинеше „црвено белите“ губење на лидерското место на табелата.

Резултати: Скопје – Влазрими 1-0, Генч Калемлер – Кораб 3-1, Гоблен Јуниор – Лабуништа 1-1, Струга Трим Лум – Гостивар 1-4, Тетекс – Пелистер 2-1.

Табела: Генч Калемлер 10, Струга Трим Лум 10, Гостивар 9, Гоблен Јуниор 9, Лабуништа 8, Скопје 7, Влазрими 6, Тетекс 4, Кораб 4, Пелистер 2.

OhridNews