Фудбалерите на Охрид во седмата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад на гостински терен силите ќе ги одмерат со тимот на Кадино.

„Рибарите“ сезонава се претплатени за реми без голови на гостинско тло. Охридските „сино-бели“ ремизираа со Гостивар, Дрита и Велазерими. Кадино кој исто како Охрид е втора сезона во Втората лига ќе атакува на позитивен резултат и лекување на раните од поразот во Дебар од Кораб.

Натпреварот во скопската населба помеѓу Кадино и Охрид ќе го суди Марјан Дејаноски од Кичево. Дејаноски трет пат сезонава ќе му суди на Охрид. Во претходните две, Охрид ремизираше со Гостивар и претрпе пораз од Скопје.

Мечот се игра утре (сабота) со почеток во 15 часот.

Двојки и судии:

Кадино – Охрид (Марјан Дејаноски)

Дрита – Кораб (Владимир Ѓорѓиески)

Велазерими – Гостивар (Марјан Младеновски)

Скопје – Велешта (Марјан Стојановски)

Вардар Форино – Тетекс (Игор Иванов)

OhridNews