Некогашниот фудбалер на Охрид 2004, Игор Клечкароски беше стрелец на првиот од двата голови со кои Младост Царев Двор го совлада Влазерими во Втората лига.


Натпреварот одигран во Битола го оправда епитетот дерби на првото коло од втората полусезона.

Напаѓачот на домаќините, Клечкароски во 42-та минута погоди за 1-0, а во 78-та минута Христијан Грозданоски ги постави конечниот 2-0.

Со оваа победа Младост скокна на третата позиција со 24 бодови додека составот предводен од Драган Бочески падна на четвртата позиција со 22 бода.

Ohridnews