Во втората македонска фудбалска лига денеска на програмата е последното 30-то коло. Патницте во елитното друштво се Пелистер и Дрита. Три екипи се борат за двете позиции кои носат во баражот за влез во првата, a две за опстанок во втората лига.

Миравци се наоѓа во најдобра позиција има бод предност пред Еуромилк и Скопје, но има тешко гостување кај Локомотива која има обезбедено опстанок. “Пиратите“ на домашен терен го пречекуваат Кораб, кој грчевито се бори за опстанок. Во неповолна позиција се наоѓа ЕуроМилк, има исто бодови колку Скопје, но меѓусебениот скор со “пиратите“ им е послаб. Во последното коло “млекарите“ бодови ќе бркаат во Ѓорче против Македонија.

Битка за опстанок за второлигашки “живот“ бркаат Гостивар и Кораб. Во последната рунда Гостивар стартува со два бодови пред Кораб, но со послаб меѓусебен дуел. Само победа е во игра за гостиварчани, кои гостуваат во Кичево кај Влазерими. Кораб има далеку потешка задача гостуваат кај аспирантот за висок пласман Скопје.

Епизодата на охридскиот второлигаш Охрид Лоте, заврши неславно откако неоправдано неодиграа два натпревари и автоматски беа суспендирани од Фудбалската Федерација на Македонија.

Двојки :

Победа Ј. – Охрид Лоте   службено
Пелистер – Дрита  
Скопје – Кораб  
Македонија ЃП – ЕуроМилк  
Локомотива – Миравци  
Влазерими – Гостивар  
Тиквеш – Беласица  
Руфеја  – Осогово  

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Дрита 29 16 10 3 47:16 58
2 same (2) Пелистер 29 18 4 7 39:21 58
3 same (3) Миравци 29 16 6 7 44:21 54
4 same (4) Еуромилк 29 16 5 8 57:29 53
5 same (5) Скoпje 29 16 5 8 48:25 53
6 same (6) Македонија ЃП 1932 29 14 6 9 47:28 48
7 same (7) Тиквеш 29 12 6 11 41:40 42
8 same (8) Руфеја 29 13 5 11 43:34 41
9 same (9) Лoкомотива 29 13 4 12 33:30 40
10 same (10) Гостивар 29 10 8 11 34:32 38
11 same (11) Победа – Јуниор 29 11 5 13 33:38 38
12 same (12) Кораб 29 11 3 15 33:43 36
13 same (13) Влaзeрими 29 7 8 14 26:63 29
14 same (14) Осогово 29 6 4 19 28:58 22
15 same (15) Беласица 29 4 6 19 26:52 18
16 same (16) Охрид Лоте 29 6 1 22 22:71 16

Мх.П.