Пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига-запад ќе започне в сабота на 29 февруари, но локалното дерби во првата рунда, помеѓу Лабуништа – Охрид ќе се одигра ден подоцна на 1 март (недела во 14 часот) на Градскиот стадион во Струга.

Двата ривали имаа повеќе од добри зимски подготовки, исполнети со одлични тест натпревари и резултати. Охрид драстично ги засили своите редови доведувајќи дури седум нови фудбалери додека Лабуништа не менуваше во својот состав премногу. На „рибарите“ им требаат бодовите во трката за опстанок во второлигашкото друштво, а „црно белите“ остануваат на курсот и посакува што повисок пласман на табелата во Втората МФЛ. Затоа локалното дерби ќе биде супер интересно.

Во првата полусезона средбата во Втората лига одиграна во Охрид заврши без победник 0-0. Лабуништа два пати славеше во дуелите во 1/8 финалето во Купот на Македонија и обезбеди пласман во ТОП 8.

OhridNews