Првата полусезона во втората македонската фудбалска лига Охрид Лоте ја заврши на 12-та позиција со шест победи и девет порази. “Градежниците“ пролетниот дел го отвораат на гости кај Еурмилк, тим кој на првиот меч на “Атина Бојаџи“, ги однесе сите три бода.


Составот на Охрид Лоте, e засилен со поранешните фудбалери на “големиот брат“ Охрид 2004, Љупчо Митрески, Дејан Лескароски и Александар Велески, во стројот се вратија стружаните Ненад Шопоски и Димче Волчески, како и голманот Фатмир Бафто од Кораб. Доведен е напаѓачот Ивица Келешоски од Караорман со што вака компонираниот тим ги прави “градежниците“ респектабилна екипа која ќе атакува на врвот на второлигашката табела.


Кандидати за пласман на првите две позиции, кои водат во прволигашкото друштво има многу. Лидер на табелата е Дрита, Македонија 1932 е веднаш зад неа. Потоа, следуваат Скопје, Пелистер, Миравци и Тиквеш.

Натпреварите од пролетниот дел ќе се играат в сабота,

Двојки 14 часот : Победа Јуниор – Тиквеш, Беласица – Осогово, Руфеја – Скопје, Кораб – Пелистер, Дрита – Влазерими, Гостивар – Локомотива, Миравци – Македонија 1932, ЕуроМилк – Охрид Лоте.

Табела :

место   екипа К П Н И Г.р Б
1 same (1) Дрита 15 8 5 2 28:10 29
2 same (2) Македонија ЃП 1932 15 8 5 2 28:13 29
3 same (3) Скoпje 15 8 4 3 26:10 28
4 same (4) Пелистер 15 9 1 5 24:16 28
5 same (5) Миравци 15 8 2 5 20:13 26
6 same (6) Тиквеш 15 8 2 5 17:17 26
7 same (7) Еуромилк 15 7 3 5 26:18 24
8 same (8) Победа – Јуниор 15 6 3 6 18:19 21
9 same (9) Гостивар 15 5 5 5 22:16 20
10 same (10) Лoкомотива 15 7 1 7 16:17 19
11 same (11) Влaзeрими 15 4 7 4 14:16 19
12 same (12) Охрид Лоте 15 6 0 9 19:32 18
13 same (13) Осогово 15 4 2 9 19:31 14
14 same
(14)
Кораб 15 4 1 10 13:26 13
15 same (15) Руфеја 15 4 2 9 14:27 11
16 same (16) Беласица 15 1 3 11 10:33 6
Мх.П.