Фудбалерите на Лабуништа со победа ја започнаа сезоната во Втората лига запад, откако пред своите гледачисо минимални (1-0) ја совладаа екипата на Влазрими.

Погодокот вреден победа за домашниот состав го постигна Бојан Спиркоски во 48-та минута од натпреварот. Победата и триумфалниот почеток на сезоната „зелено белите“ ја прославија со капење во Охридското езеро и заедничка фотографија.

Во втората рунда Лабуништа на домашен терен го пречекува Кораб.

Резултати 1.коло: Лабуништа – Влазрими 1-0, Кораб – Гостивар 0-2, Скопје – Пелистер 0-0, Генч Калермер – Тетекс 1-1, Гоблен Јуниор – Струга Трим Лум 1-1.

OhridNews