Лидерот на табелата во Втората македонска фудбалска лига-запад, Струга Трим Лум изгуби во Охрид, откако во дербито на колото претрпе пораз од Велазерими 2-1, додека Лабуништа ја продолжи серијата без пораз ремизирајќи со Кораб 0-0 во Дебар.

Стружани мечот и трите бодови ги загубија во последната третина од натпреварот. „Црвено белите“ имаа водство 1-0, но гостите со два голови го свртеа резултатот во своја полза и го освоија целиот плен.

Локалното дерби помеѓу Кораб и Лабуништа заврши без победник 0-0, откако напаѓачите немаа одговор за добрата одбрана и расположените голмани.

Резултати: Струга Трим Лум – Велазерими 1-2, Гоблен Јуниор – Тетекс 0-0, Генч Калемлер – Пелистер 0-0, Скопје – Гостивар 2-1, Кораб – Лабуништа 0-0

Табела: Струга Трим Лум 21, Лабуништа 20, Велазерими 17, Гостивар 16, Скопје 14, Гоблен Јуниор 14, Генч Калемлер 12, Кораб 12, Пелистер 12, Тетекс 8.

OhridNews