Екипата на Охрид во петтата рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад на гостински терен ќе се сретне со тимот на Кадино.

Дербито на дното ќе го суди прилепчанецот Влатко Илиоски. За 25-годишниот арбитар ова ќе биде втор натпревар во второлигашката конкуренција. Илиоски претходно судеше на средбата Кит Го – Кожув а правдата ја делеше и во куп дуелот помеѓу Кравари – Лабуништа.  Асистенти на Илиоски ќе му бидат сограѓаните Марјан Смиловски и Иле Мишески.

Натпреварите во петтата рунда ќе се одиграа в сабота во 15 часот и 30 минути.

Двојки 5.рунда: Кораб – Велазерими, Пелистер – Гостивар, Кадино – Охрид, Лабуништа – Дрита, Вардар Форино – Скопје

Табела: Скопје 10 бодови, Пелистер 9, Гостивар 9, Дрита 9, Лабуништа 7, Велазерими 7, Кораб 4, Вардар Форино 3, Кадино 0, Охрид 0

OhridNews