Без голови и без победник заврши пресметката помеѓу Генч Калемлер и Лабуништа која означи почеток на возбудувањата во 13-та рунда од Втората македонска фудбалска лига-запад.

Со ремито фудбалерите на Лабуништа ја продолжија серијата без пораз и за уште еден бод го зголемија контото на врвот од табелата.

Лабуништа лидер во второлигашкото друштво ќе остане најмалку до сабота и недела за кога се закажани преостанатите мечеви од 13-та рунда.

Двојки: Струга Трим Лум – Пелистер, Скопје – Кораб, Тетекс – Велазерими, Гоблен Јуниор – Гостивар.

OhridNews