Фудбалерите на Охрид Лихнидос, во третата рунда од Втората македонската фудбалска лига-запад силите ќе ги одмерат со Кораб од Дебар.

Дуелот со Кораб ќе биде трета прилика за „рибарите“ да стигнат до првите бодови во новата сезона од Втората МФЛ. Во воведните две рунди, охриѓани, претрпеа два порази на домашен терен.

Кораб, исто така нема победа но има еден бод, благодарение на ремито со Скопје во првата рунда. Дебарчани ќе ја бркаат првата победа и сефте во Втората лига.

Натпреварот во Дебар и останатите мечеви од третата рунда се играат во 16 часот и 30 минути.

Двојки 3.рунда: Пелистер – Дрита, Кадино – Скопје, Кораб – Охрид, Лабуништа – Вардар Форино, Гостивар – Велазерими

Табела: Дрита 6, Скопје 4, Лабуништа 4, Велазерими 4, Пелистер 3, Вардар Форино 3, Гостивар 3, Кораб 1, Охрид 0, Кадино 0

OhridNews